Барселона ги украде од Челси речиси договорените трансфери на Рафиња и на Жул Кунде, Роберт Левандовски ги одби „сините“ за да се пресели на „Камп Ноу“, а сега овие клубови би можеле да ја комплетираат размената на летото.
Како што пренесува каталонски „Спорт“, Челси на Барселона и понудил 70 милиони евра, и левиот бек Маркос Алонсо за трансферот на Френки де Јонг.
Барса бара 80 милиони евра за Холанѓанецот, а Челси го цени Маркос Алонсо на 10 милиони и знае дека тој е најголемата желба на Чави како конкуренција на Жорди Алба.
Де Јонг е најплатениот играч на Барса, тој одбива нов договор и намалување на платата, па клубот на секој начин се обидува да го продаде.
Челси го сака Де Јонг и се ослободи од Алонсо чиј статус е загрозен со доаѓањето на Марк Кукуреља. Шпанецот влезе во последната година од договорот и пред три месеци ги договори личните услови со Барса.
На хартија изгледа како „win win“ трејд, Барса би добила 70 милиони и играч вреден 10 милиони евра, па изгледа сите би добиле.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













