
Голманот на Вулверхемптон, Руи Патрисио, се чувствува добро откако синоќа доживеа страшна повреда на главата, падна во бессознание и веднаш беше префрлен во клиника со возилото на итна помош. Лекарскиот тим дваесетина минути му укажуваше прва помош на португалскиот голман на теренот, а потоа беше однесен во клинички центар на дополнителни испитувања.
Сега доаѓа пријатна, убава вест, дека Руи Патрисио се чувствува добро. Тој е свесен и нема посериозни последици на главата.
„Добивме убава информација. Руи Патрисио е свесен, се сеќава на целиот настан и се чувствува добро“, изјави менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто.
Руи Патрисио доби сериозен удар со колено во глава, откако интервенираше во шеснаесетникот при акцијата на Мохамед Салах. Тој беше удрен со колено од соиграчот Конор Коди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
