
Македонската репрезентација до 19 години на 3. и 5. септември ќе одигра два контролни натпревари на гостински терен против Бугарија.
„Двата натпревари против Бугарија се убава можност да направиме увид во формата на фудбалерите после летниот одмор, но исто така и да отстраниме одредени недостатоци кои ги имавме на последните четири тест натпревари против Црна Гора и Израел. Последната проверка за квалификацискиот турнир ќе ја имаме во октомври против Кипар. Се надевам дека сите ја сфаќаме важноста на подготовките и натпреварите во овој период и убеден сум дека максимално ќе се подготвиме за најважните дуели“ – вели селекторот Горан Станиќ.
Првиот дуел против Бугарија на 3. септември се игра во 17 часот, додека натпреварот на 5. септември започнува во 11 часот.
За натпреварите кои ќе бидат претпоследен тест пред квалификацискиот турнир за Елитна УЕФА фаза, селекторот на нашата репрезентација, Горан Станиќ ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Матеј Андов (Вардар), Кристијан Китановски (Вардар);
Одбрана: Георгие Јанкулов (Железничар Панчево, Србија), Ване Тасевски (Пјаченца, Италија), Божидар Митревски (Силекс), Александар Ѓурковски (Вардар), Бојан Димовски (Вардар), Анѓело Николовски (Кит-Го);
Среден ред: Агон елези (Влазрими), Димитар Тодоровски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Рамин Алии (Шкендија), Иван Николов (Академија Пандев), Јетон Даути (Ст. Гален, Швајцарија);
Напад: Методиј Максимов (Работнички), Кире Трпчевски (Хапоел Ришон (Израел), Куштрим Таири (Шкендија), Џемал Ибиши (Вардар), Едис Спахиу (Шкендија), Давид Тошевски (Работнички).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Евро-фудбал
Дембеле поради повреда нема да игра два месеци?

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
