
Македонската репрезентација до 18 години, предводена од селекторот Шкумбин Арслани, го освои третото место во 26-то издание од силниот меѓународен турнир „Вацлав Јежек“ во Чешка, каде освен нашата и домашната селекција учествуваа и Украина, Словачка, Латвија и Унгарија.
После освоеното второ место во групната фаза (пораз 1-2 од Украина, и победа 3-2 над Словачка) денеска Македонија У18 беше убедлива и со 3-0 ја победи соодветната репрезентација на Унгарија во натпреварот за третото место на овој силен турнир.
Македонија пристапи фуриозно на овој меч и успеа да поведе со 1-0 во 10. минута со голот на Иван Николов. Момците на селекторот Шкумбин Арслани продолжија фуриозно и после таквата игра веќе во 29. минута беше 3-0. Бехар Фета во 23. минута погоди за 2-0, а шест минути подоцна Владан Новески ги постави конечните 3-0. Вреди да се спомне дека од 55. минута игравме со 10 играчи после црвениот картон на Илиевски, но младите Унгарци не успеаја да ја користат предноста од еден играч за да се вратат во игра. Во 60. минута од натпреварот нашиот голман Китаноски одбрани пенал.
„Овие момци го потврдија тоа дека во нив има квалитет кој допрва ќе дојде до израз и потврдија дека победата над Словачка беше заслужена. Жалиме за поразот од Украина, бидејќи бевме подобри, но одиме напред кон нови предизвици. Верувам во овие момци и знам дека можат повеќе. Ова победа му ја посветуваме на нашиот голман Марко Алчевски кој е во процес на рехабилитација по операцијата на коленото. Сите ние му посакуваме што побрзо да се врати на зелените терени” – изјави селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
