
Тиквеш повторно преоѓа во рацете на Општина Кавадарци, бидејќи турскиот спонзор не ги исполни преземените обврски. Поради ваквата ситуација, фудбалерите поминаа низ тежок и нестабилен период, што се одрази и врз нивната игра и резултатите. Затоа локалната самоуправа предводена од градоначалникот Митко Јанчев беше принудена да интервенира.
Инвеститорот имаше рок до 17 септември 2025 година да обезбеди финансиски средства согласно договорот, но тоа не се случи.

Како што беше претходно најавено, во случај на неизвршување на обврските, Општината заедно со градоначалникот и локалната бизнис-заедница повторно ќе го преземат клубот и ќе се грижат за неговото понатамошно функционирање.
Со тоа, Тиквеш повторно се наоѓа под општинска контрола. Клубот сезонава имаше високи цели и состави конкурентен тим, но неисплаќањето на обврските на турскиот спонзор создаде сериозни проблеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Евро-фудбал
Наполи победи, Елмас беше стартер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ падна на „Велодром“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Ламин Јамал повторно добитник на „Копа Трофеј“

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
