Connect with us

Турски инвеститор ја презеде Брегалница

Фудбалскиот клуб Брегалница влегува во нова ера – штипскиот прволигаш доби нов сопственик, турски инвеститор кој веќе купи 85% од акциите и има амбициозни планови за иднината на клубот.

Како што беше одлучено на последната седница на Советот на Општина Штип, досегашниот сопственик Кирил Гогов ги отстапи сите акции, при што 85% завршија во рацете на Мурат Шамил Шен, поранешен турски кошаркарски репрезентативец.

Целта на новото раководство е Брегалница да се стабилизира финансиски и да се врати во македонската Прва лига, со амбиции за врвот. Договорено е клучен дел од стручниот штаб и играчкиот кадар да останат локални, а Општина Штип повеќе нема да го финансира сениорскиот состав, туку ќе обезбедува поддршка исклучиво за младинските категории.

Очекуваниот буџет на клубот е околу еден милион евра, што треба да обезбеди стабилност и квалитетни засилувања.

Се најавува дека Влатко Костов ќе биде именуван за шеф на стручниот штаб, додека со младинската академија ќе раководи Димитар Маџунаров. На 12 септември, под рефлектори, ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу ветераните на Црвена Звезда и Брегалница, како симболичен старт на новото поглавје за клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови