Турбулентни денови на Чаир. Македонскиот првак Шкупи сака да направи одредени промени, но прашање е дали ќе бидат официјализирани. По заминувањето на тренерот Гоце Седлоски, се уште е хаотично на Чаир.
Првите луѓе на клубот сакаат да го именуваат Горан Попов, поранешниот македонски репрезентативец и член на Вардар, за нов спортски директор, а тоа не е добро прифатено од одредени структури. Поради ова Омер Буњаку, актуелниот директор на Шкупи си поднел оставка. Дали ќе биде прифатена, се уште е прашање…Или пак можеби тоа е само реакција на намерата Горан Попов да биде поставен како одговорен за спортските прашања во клубот.
Попов, кој е фудбалски агент, денеска го доведе својот клиент Марио Младеновски на Чаир и тој потпиша двегодишен договор со Шкупи.
Утре Шкупи го очекува гостување во Кавадарци и дуел против Тиквеш. Тоа е одложен меч од првото коло во Првата фудбалска лига, кога Шкупи настапуваше во европските купови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













