
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја повика Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да ја прераспореди репрезентативната пауза во јуни, велејќи дека овој интернационален прозорец не им дозволува на фудбалерите да добијат подолг одмор на крајот од сезоната.
„Јунскиот прозорец не е идеален за никого, особено за играчите“, изјави Тухел за британските медиуми.
„Можеби ФИФА може да го приспособи календарот и да најде друг термин за одигрување на овие натпревари, во интерес на фудбалерите. Не се грижам толку за бројот на натпревари кои тие ги играат, туку повеќе за тоа што никогаш немаат вистинска пауза од три или четири недели… Тоа е проблемот“, додаде германскиот стратег.
Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, исто така не ја сокри својата загриженост за благосостојбата на фудбалерите, но истакна дека ситуацијата може да биде поднослива со помош на клубовите и тренерите.
„Постојат аргументи од гледна точка на клубовите за генерирање на повеќе приходи. Но, исто така постои и аспектот за благосостојбата на фудбалерите, кој укажува дека можеш да дадеш многу повеќе доколку не си подложен на повреди. Не мислам дека некој доволно ги слуша фудбалерите“, изјави Кејн и додаде:
„Ние ја сакаме играта, така што никогаш нема да се жалиме што играме фудбал. Ако ситуацијата се менаџира добро, со тренерите и клубовите, постојат начини да се добие малку повеќе одмор во одредени моменти.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
