Баерн Минхен е на пат да ја запишe својата прва сезона без трофеј од сезоната 2011/2012, кога исто така испаднаа рано од Лигата на шампионите и од Купот на Германија, а во Бундеслигата завршија со осум бода негатива во однос на шампионот.
Баварците им приредија нов шок на навивачите откако загубија од Мајнц на гости со 3-1, па сега Борусија Дортмунд е на врвот на табелата со бод предност, а на пет кола до крајот на шампионатот во Бундес-лигата.
Тренерот Томас Тухел вели дека неговиот тим немал енергија да реагира по примениот гол за израмнување на Мајнц.
„Натпреварот против Мајнц беше под контрола, но не постигнавме втор гол. Израмнувачкиот гол дојде од никаде и тогаш немавме енергија да реагираме. Да примиш три гола за 12 минути, тоа не смее да ни случува. Направивме многу грешки. Ни недостигаше ефикасност. Проблемите се очигледни“, изјави Тухел за „Скај Германија“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













