Connect with us

Тухел: Не смееме да правиме такви „детски“ грешки во одбраната

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, воопшто не беше задоволен од настапот на неговите фудбалери на дербито со Арсенал во поразот (2-4) на „Стемфорд бриџ“. Тој вели дека неговиот тим не смее да прави такви „детски грешки“ доколку сака да победи на важни натпревари.


Германецот призна дека можеби донел некои погрешни одлуки за тактиката и составот на натпреварот.

„Не можеме да победуваме на дерби натпревари ако правиме такви грешки. Не можеме тоа да го оправдаме со отсуството на Рудигер, бидејќи и со него дозволивме вкупно седум гола на натпреварите против Реал Мадрид и против Брентфорд. Тоа не зависи од еден играч, туку е севкупен учинок во одбраната. На вакви натпревари треба да ја изберете вистинската тактика, но јас можеби не го направив тоа. Мора да го изберете вистинскиот состав, а можеби и јас згрешив. Потоа следува настапот на фудбалерите. Не можеме да победиме кога правиме такви грешки. Тоа мора да престане“, изјави Томас Тухел.

Челси се уште е во добра позиција за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови