Во новото коло од Бундеслигата се среќаваат Баерн и Шалке, а Баварците моментално имаат бод предност пред главниот конкурент во трката за титулата – Борусија Дортмунд.
Тренерот на Баерн, Томас Тухел, ја коментираше трката за титулата.
„Сè уште го немаме пехарот. Во моментов никој не е шампион на Германија, па ни ние. Затоа, со максимални мотиви ја бркаме титулата. Со сета почит, воопшто не ја забележувам Борусија Дортмунд – воопшто. Затоа што не ме интересира што ќе направат тие. Имаме сз во наши раце. Го гледам нашиот тим и целосно сум фокусиран на тоа. Мислам дека тоа е одлучувачкиот пристап“, изјави Тухел.
Шалке, пак, не е ни блиску до титулата, туку се надева дека ќе остане во лигата. Сепак, Тухел не ги потценува.
„Ги гледам како силен, храбар тим. Трчаат високо, притискаат, постигнаа многу голови од контранапад“, истакна тренерот на Баерн Минхен.
Борусија Дортмунд во ова коло се среќава со Борусија Менхенгладбах на домашен терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













