Менаџерот на Челси, Томас Тухел призна дека има возбуда и напнатост во тимот пред вечерашното финале во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Сепак, тој е уверен дека неговиот тим е добро подготвен за претстојниот предизвик.
„Возбудата е максимална, секако сме пред голема финална пресметка. Но, треба да останеме смирени. Тоа ќе биде многу важно во текот на натпреварот. Го одработивме последниот тренинг, го почувствуваме стадионот, сега останува да одиграме најдобро што знаеме“, изјави Тухел.
Тој смета дека тактичкото надмудрување на тренерите ќе биде во втор план, сепак фудбалерите на теренот ќе бидат главните актери.
„Никогаш нема да кажам дека тоа е натпревар помеѓу мене и Пеп. Нема да играме тениски меч. Пеп ќе го подготви својот тим, јас ќе го подготвам мојот и фудбалерите ќе бидат тие што ќе се натпреваруваат. Тренерите можат многу малку да променат, верувајте ми“, дополни германскиот стратег.
Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва во Порто.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













