Connect with us

Тухел: Можете да не нарекувате аутсајдери, но ние силно веруваме во успех

Германски менталитет, победнички карактер. Томас Тухел донесе многу свежина во тимот на Челси, успеа да го доведе до финалето на Лигата на шампионите, а верува и дека може неговиот тим утре да го освои пехарот. Иако за противник го има најдобриот англиски тим од оваа сезона, Манчестер Сити.

„Можеби сме аутсајдери, не велам не. Но, ние силно веруваме во успех на утрешното финале. Порто е прекрасен град, ми буди и убави спомени, но најважно е како ќе се чувствуваме утре пред полноќ. Се надевам дека ќе уживаме во успехот и дека ќе се смееме. Сепак, да не се лажеме, играме против најсилниот можен ривал. Манчестер Сити е фантастичен тим предводен од голем тренер“, изјави Томас Тухел.

Тој најави дека Челси е подготвен за сите предизвици.

„Дали вежбавме пенали? Ние секогаш вежбаме пенали на тренинзите. И не можеме да бидеме перфектни, ниту да симулираме натпревар, но фудбалерите можат да ја стекнат потребната рутина на шутот. И да, подобро ќе биде за сите – да нема пенали“, порача германскиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови