Раководството на Фудбалската асоцијација на Англија ќе му дозволи на новиот селектор на „трите лава”, Томас Тухел, да продолжи да живее во Германија.
Договорот на Тухел со ФА ќе стапи на сила официјално на 1 јануари 2025 година, но од фудбалската централа нема да инсистираат тој да се пресели во Лондон.
За споредба, поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, беше обврзан да поминува најмалку три дена неделно во базата на „трите лава”, каде што одржуваше состаноци со тренерите на другите национални селекции на Англија.
Очигледно, тоа нема да биде задолжителен услов за Тухел. Наместо тоа, тој ќе продолжи да живее претежно во Минхен, каде што ќе биде поблиску до своето семејство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













