Германскиот првак Баерн Минхен утревечер го игра реваншот против Лацио од осминафиналето во Лигата на шампионите. Баварскиот тим пред три седмици загуби во Рим со 1-0.
Веќе е познато дека Тухел ќе си замине на лето, но евентуалниот дебакл од Лацио нема да му даде шанса ниту да ја заврши сезоната на клупата на Баварците.
Како што пренесуваат германските медиуми, Баерн избра тренер кој би го заменил Тухел утре околу полноќ, во случај на неуспех.
Арне Слот (45) би пристигнал од Феенорд и би се нафатил на тешка работа во сѐ уште актуелниот германски шампион.
Слот го води Феенорд од 2021 година и има 88 победи, 28 нерешени и 23 порази во 139 натпревари.
Минатата сезона беше шампион на Холандија, а во 2022 година го предводеше тимот од Ротердам до финалето на премиерното издание на Конференциската лига и загуби од Рома.
Во кариерата раководеше и со АЗ Алкмар, а како играч настапуваше за Цволе, Бреда и за Спарта Ротердам.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













