
Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, побарал од раководството на Баварците клубот да потпише со напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле, пренесува „Мундо Депортиво“.
Според изворот, Тухел размислува Дембеле да го замени напаѓачот Садио Мане, кој би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок.
Претходно Баерн Минхен го казни Мане со 350.000 евра поради конфликтот со неговиот соиграч Лирој Сане, откако го загуби првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Баерн Минхен има сериозен интерес да го привлече Дембеле доколку Барселона не успее да го продолжи договорот со играчот. Дембеле е во Барселона од 2017 година, а неговиот договор со клубот истекува ова лето.
Во тековната сезона на Каталонците, тој учествуваше на 30 натпревари на кои забележа осум гола и седум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal