Connect with us

Тухел го менува Рудигер со Кулибали

Европскиот првак Челси подготвува нова понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Менаџерот Томас Тухел сака да го доведе на „Стемфорд бриџ“ во зимскиот преоден рок. Тој сака да има подготвена замена за Антонио Рудигер кој не сака да потпише нов договор и најверојатно ќе си замине како слободен агент.


Челси е во потрага по квалитетен дефанзивец и до последниот ден од трансфер пазарот се обидуваше да го ангажира Жул Кунде од Севилја. Сепак, откако не успеа, одлучи да се фокусира на други фудбалери.

Калиду Кулибали долго време е цел на најголемите европски клубови, но Наполи за него бараа преголема отштета која никој не се осмели да ја плати.

Раководството на лондонскиот клуб стапило во контакт со агентот на Сенегалецот и се обидува да го убеди да се пресеи во Премиер – лигата на половина од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови