Фил Фоден и Џуд Белингам повторно се повикани во репрезентацијата на Англија за претстојните ноемвриски квалификации за Светското првенство против Србија и Албанија.
Фоден, кој не настапуваше за националниот тим од март, повторно ја доби довербата на селекторот Томас Тухел по неколку импресивни настапи, вклучувајќи ги двата гола во победата на Манчестер Сити над Борусија Дортмунд со 4-1 во Лигата на шампиони.
Белингам, пак, не беше дел од тимот во октомври, и покрај тоа што самиот изјави дека е подготвен и сака да игра.
Интересен дебитант е 22-годишниот играч за врска на Борнмут, Алекс Скот.
Напаѓачот Дани Велбек, и покрај добрите настапи за Брајтон, не е повикан, додека Антони Гордон е во тимот и покрај повредата во победата на Њукасл над Атлетик Билбао.
Состав на Англија за ноемвриските натпревари
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Ник Поуп
Одбрана: Дан Бурн, Марк Гехи, Рис Џејмс, Езри Конса, Нико О’Рајли, Џарел Кванса, Џед Спенс, Џон Стоунс
Среден ред: Елиот Андерсон, Џуд Белингам, Џордан Хендерсон, Деклан Рајс, Морган Роџерс, Алекс Скот, Адам Вортон
Напад: Џаред Боувен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Антони Гордон, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Букајо Сака
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













