Connect with us

Тухел доби награда за најдобар во 2021, но веќе му е загрозена иднината во Челси

Тренерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека во моментов не размислува за потенцијално заминување од клубот, иако смета дека заостанувањето од 13 бода зад Манчестер Сити во Премиер – лигата е недозволив.


Инстант успех постигнаа Томас Тухел и Челси кога се споија минатата година. Го кренаа пехарот во Лигата на шампионите, втор во историјата на клубот и покажаа феноменална дисциплина и тактика под раководство на германскиот стратег.

Но, оваа сезона и покрај големите инвестиции во форма на трансферот на Ромелу Лукаку, Челси не делува како тим кој напредувал. Рака на срце, повредите влијаеја на такво нешто, но според Томас Тухел, нема оправдување. Разликата во однос на Манчестер Сити е преголема и Ливерпул лесно може да се оддалечи доколку освои три бода на преостанатиот натпревар со Лидс, а третото место треба да биде реалност за „сините“.

Ова го отвори прашањето дали жешката клупа на Челси е безбедна за Томас Тухел.

„Имам договор до 2024 година. Ајде да се обидеме да останеме барем колку што вели договорот. Историјата ни кажува дека не е така лесно, но денес се чувствувам уверен дека тоа е можно. Не сакам да бидам на друго место“, изјави Тухел.

Германецот вчера го прифати признанието од ФИФА за најдобар тренер во 2021 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови