
Шкупи го пречекува Вардар на стартот на третиот круг од првенството во Првата лига. Тимот од Чаир има шампионски амбиции, а довчерашниот вардарец Матеј Цветаноски сега е еден од адутите на Шкупи. Тој вели дека ќе му биде тешко да игра против „црвено-црните“, но дека посакува триумф на Шкупи.
„Секогаш е тешко кога се играат градски дерби мечеви. Вардар отсекогаш бил и ќе остане голем клуб. Ќе ми биде тешко да играм против мојот поранешен тим, но ќе дадам се од себе за Шкупи да го победиме овој натпревар и да останеме во трката за титулата“, изјави Матеј Цветаноски.
Шкупи загуби од Работнички на последниот меч на домашен терен, па сака да се врати на победнички патеки. Вардар е во незавидна позиција, но ќе се обиде да остане непоразен.
Шкендија сака да ја надмине неефикасноста и да го совлада Пелистер, тимот кој е најпријатното изненадување во пролетниот дел од шампионатот. Но, и битолскиот прволигаш сака да продолжи во позитивна насока.
„Во четирите пролетни кола имаме три победи и едно реми и сакаме да продолжиме со позитивниот скор. Нашата цел е да ги избегнеме најопасните позиции на табелата. Веќе цела деценија Шкендија е меѓу најдобрите екипи во државата и нивните аспирации се игра на победа и шампшионска титула. Одиме со позитивна атмосфера, се надеваме на максимимум позитивен резултат“, вели тренерот на Пелистер, Димитар Капинковски.
Македонија ЃП повторно ќе го пречека Силекс, тимот кој го совлада со минимален резултат 1-0, на претходното соочување. Струга Трим Лум е домаќин на Ренова, а Борец ќе биде домаќин на Беласица.
ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО
ШКУПИ – ВАРДАР
ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА
БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА
ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго
