Српскиот гигант Црвена Звезда ќе ја замени популарната „Маракана“ со нов стадион, откриваат медиумите кај нашиот северен сосед. Наскоро челниците на Звезда ќе смислат проект за изградба на нов, модерен стадион на кој „црвено-белите“ ќе ги играат своите натпревари.
Реновирањето на „Маракана“, односно стадионот „Рајко Митиќ“ беше напуштено, бидејќи реконструкцијата на постоечкиот објект немаше да биде исплатлива, па најголемиот српски стадион, кој е изграден во 1963 година, по изградбата на новиот ќе престане да биде дом на српскиот шампион.
Сѐ уште не е познато на која локација ќе започне изградбата на новиот стадион на Црвена Звезда, дали ќе биде на истото место каде што е „Маракана“ или „црвено-белите“ ќе се преселат во друг дел од градот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













