Connect with us

Цицмиловиќ: Се е супер во Воска Спорт, ама поднесувам оставка

Раде Цицмиловиќ веќе не е тренер на Воска Спорт. Тој поднесе оставка на функцијата шеф на стручниот штаб на амбициозниот второлигаш.


„Кога се договорив со ФК Воска Спорт, официјално беа во Трета лига и многу луѓе се изненадија од мојата одлука. Но, јас цврсто верувам во овој проект и моите способности. Тоа што требаше за 2-3 години, ние го направивме за четири месеци, ние направивме и тим и игра, Воска го одигра најубавиот фудбал во Првата и двеве Втори лиги, а од Воска направивме клуб за респект. Сакам да се заблагодарам на газдата Нефи Усеини за одличната соработка што ја имавме во изминатиот период, директорот Артан Борова, целокупното раководство, секретарот, економатот, стручниот штаб и на крајот на играчите кои се најзаслужни за овие одлични резултати. Со среќа и успех и да влезете во Прва лига.Од денеска поднесувам оставка на функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Воска Спорт“, објави Раде Цицмиловиќ на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови