Тиквеш одигра само реми (1-1) против Кожуф во Гевгелија, а тоа Брегалница го искористи за да побегне два бода на врвот на табелата во Втората лига Исток. Тренерот на Тиквеш, Раде Цицмиловиќ, се жали на катастрофалното судење за неговиот тим и прашува дали тоа некој ја „турка“ Брегалница во елитата.
„Дали има крај на криминалното судење против Тиквеш? Не сум тренер што бара алиби, но денес се поминаа сите граници – два недосудени пенали и понистен гол. Господо играме против осум екипи, играме против судии 11 кола, но денес е допрено дното во Макфудбалот!!СРАМОТА! Треба да ни кажете предвреме дека Брегалница треба да влезе да не се трошат средства,па и ние ќе играме за нив…Срамно, молчиме 10 кола, но денес е допрено дното! СРАМОТА!!!“, објави тренерот на Тиквеш, Раде Цицмиловиќ на социјалните мрежи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski