
Македонската фудбалска репрезентација денеска има целодневно патување од Бугарија до Гибралтар каде в недела ќе го одигра вториот натпревар од новиот циклус во Лигата на Нации. Националниот тим пред малку слета во Малага, а сега го очекува патување кон крајната дестинација, Гибралтар.

На аеродромот во Малага на составот на Благоја Милевски му се приклучи и Валон Етеми кој го пропушти првиот натпревар поради тоа што со Истанбулспор играше бараж за пласман во турската лига.

Националниот тим ова издание на Лигата на нации го почна со ремито 1-1 на гостувањето кај Бугарија, следува мечот со Гибралтар, а потоа на 9. и на 12. јуни има две домашни задачи, против Грузија и против Гибралтар.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
