Струга Трим Лум го очекува тешко гостување на Чаир кај лидерот на табелата Шкупи. Фудбалерот кој постигна прекрасен гол во минатото коло, Клисман Цаке, оптимистички размислува во пресрет на дуелот со Шкупи.
„Нашиот морал е на високо ниво благодарение на двете последовни победи во ПМФЛ. Ние не криеме дека Струга ТЛ денеска на Чаир ќе оди по трите бода“, изјави Цаке.
Актуелниот првак Шкендија ќе има тешко гостување во Ѓорче Петров, а ќе биде интересен и во Кавадарци каде Тиквеш ќе биде домаќин на Работнички.
Пелистер на домашен терен во Битола ќе го пречека составот на Скопје, а Брегалница пред своите гледали ќе игра против Борец.
Вчера, во отворањето на 15.коло, Академија Пандев на гости ја совлада Ренова со 1-2.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО (13 часот)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ
ВЧЕРА: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













