Атлетико Мадрид објави дека ja завршува соработката со тројца фудбалери кои ги продолжуваат своите кариери на друго место.
Првиот е Марио Хермосо, кој се обидуваше да го обнови својот договор, но тоа не се случи. Тој беше омилен меѓу навивачите и често опишуван како капитен без лента.
Вториот е Габриел Паулиста, чиј договор истече, а кој ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ.
Третиот е Мемфис Депај, моментно со Холандија на Европското првенство, кој договори спогодбен раскин на соработката со Атлетико Мадрид. Атлетико нема да го има во плановите за следната сезона, што беше причина за нивното раскинување. Тој најверојатно ќе го засили ПСВ Ајндховен.
Првото засилување за Атлетико треба да биде Робин Ле Норман од Реал Сосиедад.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













