
Трофејниот македонски стратег и легендарен македонски репрезентативец Гоце Седлоски е нов шеф на стручниот штаб на ФК Работнички, објави клубот на официјалниот сајт. Тој потпиша договор на 18 месеци и ќе има мисија да ги врати „романтичарите“ на шампионските патеки.
🔴⚪ Welcome, Goce Sedloski #fcrabotnicki pic.twitter.com/nMvTShtvid
— fcrabotnicki (@fcrabotnicki) November 14, 2023
„Чест ми е што доаѓам во ФК Работнички, клуб со голема традиција и реноме во македонскиот фудбал, поранешен шампион и освојувач на Купот. Би сакал да се заблагодарам на новото раководство на клубот за укажаната доверба, ја сфаќам како сериозна обврска и ќе се вложам максимално за да ги оствариме целите што заедно ги зацртавме. Веруваме дека овој проект на крајот ќе донесе многу радости и трофеи во ФК Работнички. Мојот начин на работа кој носеше титули ќе се потрудам да го наметнам и овде. Ред, работа, дисциплина и верба во сопствените квалитети се принципите што секогаш и секаде ги носам со себе и верувам дека ќе ги воспоставиме и во тимот на Работнички. Има голем потенцијал во овој тим, а верувам дека со уште неколку засилувања ќе изградиме колектив со кој ќе се гордееме“, вели новиот шеф на стручниот штаб на ФК Работнички, Гоце Седлоски.

Ангажманот на трофејниот Гоце Седлоски за нов тренер на најдобар начин ја отсликува и решеноста на новото раководство на клубот, да го врати ФК Работнички во самиот врв на македонскиот фудбал.
„ФК Работнички е еден од најреномираните македонски фудбалски брендови, име кое е сериозно препознатливо и во Европа, а Гоце Седлоски е фудбалска величина и тренер кој сигурно ќе помогне да се врати шампионскиот дух во клубот од Дебар Маало. Му посакуваме сѐ најдобро, ќе ја има нашата максимална поддршка и се надеваме дека многу брзо ФК Работнички ќе биде на позициите кои ги заслужува“, изјави новиот директор на клубот, Сенад Муминовиќ.
Гоце Седлоски со својот стручен штаб утре ќе го одржи и првиот тренинг со тимот. В недела, Работнички ќе одигра пријателски натпревар со Башкими во Куманово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве го претстави Лоис Опенда

Евро-фудбал
Њукасл замената за Исак ја доведе од Брентфорд

Интернационалци
Денковски ќе брани за Посушје

Евро-фудбал
Ливаковиќ замина на позајмица во Џирона

Евро-фудбал
Јувентус го купи Косовецот Едон Жегрова

Евро-фудбал
Николас Џексон го засили Баерн Минхен

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
