Connect with us

Трипие сака да го напушти Њукасл

Десниот бек на Њукасл и досегашен капитен на тимот, Киран Трипие, е незадоволен од својот статус во тимот и сака да го напушти клубот пред крајот на преодниот рок, јавува „Атлетик“.

По две и пол години на „Сент Џејмс Парк“ и фактот дека беше првото засилување на новото раководство на Њукасл, Трипие е на чекор до разделба со „чавките“. Иако беше централна фигура во нивниот голем напредок во овој период, моментно не е во прв план кај тренерот Еди Хау, кој на отворањето на сезоната се одлучи за Тино Ливраменто на позицијата десен бек, додека капитенската лента му беше доделена на Бруно Гимараеш.

Трипие, кој за еден месец ќе наполни 34 години и има договор со клубот уште две сезони, најверојатно ќе замине во Ливерпул, односно ќе потпише за Евертон. Менаџерот на Евертон, Шон Дајш, го сака во својот тим, бидејќи заедно соработуваа во Барнли меѓу 2012 и 2015 година, а може да му понуди и место во почетниот состав.

Не е исклучено да пристигне и профитабилна понуда од Саудиска Арабија, но засега Евертон е прва опција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови