Connect with us

Трио од Англија, плус Баерн Минхен, во трка за потписот на Дензел Дамфрис

Трио гиганти од Премиер – лигата го следат десниот бек на Интер, Дензел Дамфрис. Како што пренесува „Фудбал Италија“, заинтересирани за него се лондонските тимови Челси и Тотенхем, како и Манчестер Јунајтед.


Репрезентативецот на Холандија, кој има договор со „нероаѕурите“ до 2025 година, долго време е предмет на интерес за Челси, кој би можел да се обиде да го ангажира до крајот на овој месец.

Во меѓувреме, Тотенхем и Манчестер Јунајтед исто така ја истражуваат можноста да го купат Дамфрис, кој се проценува на 60 милиони евра.

Во трката за потписот на Холанѓанецот е и Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови