Connect with us

Тричковски стрелаше, АЕК Ларнака ја победи Омонија (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на погодок во триумфот на АЕК Ларнака (2-1) над Омонија. Тој погоди од пенал во 55.минута, а дваесет минути подоцна во листата на стрелците се запиша и неговиот соиграч од нападот, Мет Дербишаер.

Важна победа оствари и Докса која на домашен терен го совлада Анортозис со 2-0. Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски беа стартери во составот на Докса.

Advertisement

Facebook

Тимови