Connect with us

Тричковски: Сакаме да покажеме дека Македонија е подготвена за најголеми дострели

Фудбалската репрезентација на Македонија е во исчекување на првиот историски натпревар на европските првенства. Напаѓачот Иван Тричковски вели дека се чувствува позитивен притисок, а сите фудбалери имаат огромна мотивација да остварат нов успех. Тој лично имаше добра сезона на Кипар, верува дека и со Македонија на ЕП ќе има добри настапи.


„Имав одлична сезона на Кипар, знам да се носам со притисокот и верувам дека ќе имаме позитивни резултати и со репрезентацијата на Македонија на Европското првенство. Самиот настап е голем успех, но сега сакаме да покажеме дека Македонија е подготвена за највисоки дострели и против најдобрите европски селекции. Австрија е првиот ривал, забележавме два порази, но направивме анализи и подготвени го очекуваме историскиот прв натпревар на ЕВРО“, вели Иван Тричковски.

Македонија е дебитант на големите собири, тоа секако носи дополнителен притисок. Тричковски вели дека сите фудбалери се доволно искусни за да го неутрализираат тоа до почетокот на мечот со Австријците.

„Дебитанти сме, тоа е факт, а очекувањата се „измиксани“. Некои велат дека можеме да ја поминеме групата, некои дека искуството е многу важно на ваквите натпреварувања. Атмосферата во тимот е одлична, уживаме во овие моменти, но секако со една огромна доза на одговорност. Знаеме што значи ова за цела Македонија, сите ќе не гледаат и ќе не бодрат. Ние ќе дадеме се од себе за да не разочараме“, истакна Тричковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови