Македонскиот интрернационалец Иван Тричковски игра фантастично од стартот на сезоната на Кипар и со шест гола во пет меча е убедливо најдобриот поединец на АЕК Ларнака, но и воопшто во кипарскиот шампионат. Тој вчера постигна два гола во триумфот (1-4) против Аполон.
„Целиот тим одира одлично, знаавме да ги искористиме нашите шанси. Успеавме да ги направиме среќни нашите навивачи и тоа е најважно. Но, мора да останеме фокусирани затоа што следат нови предизвици“, изјави Тричковски.
Напаѓачот се повлече од националниот тим после настапот на Европското првенство и сега е комплетно посветен на клупските обврски со АЕК Ларнака.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













