Connect with us

Тричко го матираше Шишковски во македонското дерби на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски на одличен начин ја отвори новата сезона на Кипар. Тој беше стрелец на погодок во ремито (1-1) меѓу АЕК Ларнака и Докса.

Тричко погоди во 26.минута, кога со удар со глава ја затресе мрежата на Дамјан Шишковски во македонското дерби на Кипар. За Докса настапи и Душко Трајчевски, а гостите израмнија во 48.минута преку Берат Садик. Асистент на голот беше токму голманот Шишковски со долга топка од својот шеснаесетник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови