Шкупи ја следи Шкендија на врвот на табелата во Првата фудбалска лига, откако успеа да го совлада тимот на Академија Пандев во Струмица со 0-1. Чаирчани славеа со голот на Дембо Дарбо во 79.минута.
Шкупи се доближи на само два негатива од лидерот Шкендија и се одлепи од Македонија ЃП, која загуби со 2-1 на гостувањето во Велес кај Борец.
„Лавовите“ не искористија пенал во 60.минута преку Калид Абдул, а потоа беше досуден пенал за Борец. Стевковски во прв обид го одбрани шутот на Прелчец, но ударот беше повторен затоа што предвреме ја напуштил гол-линијата.
Потоа Стевковски уште еднаш го одбрани пеналот, дури и следниот шут на Прелчец, а на крајот Оливер Пеев одбиената топка ја внесе во мрежата на гостите во 85.минута. Ѓорѓи Ѓорѓиев во 90.минута го потврди триумфот на велешани со втор гол. Во последните мигови, Фернандо го постави конечниот резултат, 2-1.
Силекс во луд меч со седум гола во совлада Работнички со 4-3. Силекс поведе од пенал со голот на Иван Ивановски во 29.минута, а Денис Ристов зголеми на 2-0 во 50.минута. Три минути подоцна намали Станковски, а потоа Чумиќ израмни на 2-2. Ивановски од пенал зголеми на 3-2, потоа беше досуден пенал и за Работнички кој го реализираше Јевтовски, а Бурхан Мустафов во 94.минута донесе победа за кратовци.
Струга Трим Лум беше убедлива против Беласица и славеше со 3-0. Лена од пенал донесе водство уште во втората минута, а Миленковски зголеми на 2-0 седум минути подоцна.
Ренова и Пелистер ремизираа без голови.
ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-1
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 4-3
СТРУГА ТЛ – БЕЛАСИЦА 3-0
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 0-0
ВЧЕРА: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-5
ТАБЕЛА: Шкендија 21, Шкупи 19, Македонија 16, Борец 15, Силекс 14, Струга ТЛ 14, Работнички 11, Пелистер 11, Вардар 11, Ренова 7, Академија Пандев 7, Беласица 1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski