Connect with us

Три македонски клуба со европски предизвик: Вардар е фаворит, Работнички и Силекс имаат потешка задача, но не се аутсајдери

Почнуваат европските искушенија за трите македонски клуба кои настапуваат во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Вардар е фаворит против Ла Фиорита од Сан Марино и треба да го оправда тоа на вечерашниот меч (20.30 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Капитенот Азер Омерагиќ најави силен настап и сите се надеваат на убедлив триумф.

„Максимално сме мотивирани за европскиот дуел. Нашата желба е да ја завршиме работата уште на првиот меч и да обезбедиме резултат со кој ќе би патувале помирно на реваншот во Сан Марино“, изјави Омерагиќ.

Работнички е гостин, но ќе игра на неутрален терен во Унгарија, на стадионот на Халадаш (20 часот), против белорускиот претставник Торпедо-Белаз.

„Време е за европскиот предизвик. Се подготвувавме за ова, го анализиравме противникот, Торпедо-Белаз е квалитетен тим, но ние сакаме позитивно да го стартуваме ова европско лето. Верувам во тимот, ќе сториме сѐ да оствариме посакуван резултат и реваншот во Скопје по седум дена да го дочекаме со еден чекор поблиску до пласман во следното квалификациско коло. Работнички по седум години е повторно во Европа, и тоа апсолутно нѐ мотивира сите да дадеме и повеќе од максимум, и овде во Унгарија, како и на вториот меч во Скопје“, изјави тренерот на Работнички, Бојан Маркоски.

Силекс гостува во Црна Гора и ќе ги одмери силите против Дечиќ (20 часот). Тимот на Александар Васоски посакува да остане непоразен и да направи чекор напред кон пласманот во следната рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови