
Седум квалификациски натпревари за ЕП почнуваат во 20:45 часот, а три директно ќе одлучуваат кои селекции од групите Ц, Е и Х ќе се пласираат на шампионатот што следната година ќе се одржи во Германија.
Група Х
Пласман на ЕП од групата Х обезбеди Данска, додека Словенија и Казахстан за другиот патник ќе решаваат во директна пресметка во Марибор. На Словенија и е доволен бод, додека Казахстан мора да победи, во спротивно ќе оди во дополнителни квалификации. Финска обезбеди дополнителни квалификации, а на ЕП нема да одат Северна Ирска и Сан Марино.
Група Ц
Англија ќе биде прва во групата Ц, а Украина ќе ја пречека Италија во Леверкузен во борбата за втората позиција. На Италија и е доволен и бод, додека Украина мора да победи за директно да се пласира на ЕП. Една од тие две репрезентации ќе мора да помине преку дополнителни квалификации. Македонија и Малта немаат шанси за пласман од оваа група.
Група Е
Албанија директно од групата Е ќе оди на ЕВРО 2024. Вториот патник ќе се решава на мечот меѓу Чешка и Молдавија. Ако Чесите одиграат барем нерешено, ќе одат на ЕП, а на Молдавците им е потребна победа. Полска ќе оди во дополнителни квалификации, а Фарските Острови остануваат последни во групата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Интернационалци
Агон Елези утре потпишува за Сараево

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид
