Connect with us

„Трето полувреме“ на „Бернабеу“: Валверде го чекал Баена на паркинг за да го претепа (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Вилјареал имаше „трето полувреме“, и тоа на паркингот пред Сантијаго Бернабеу“. Фудбалерот на Реал, Федерико Валверде, после натпреварот со Вилјареал, го чекал Алехандро Баена пред автобусот на гостинската екипа, и му удрил тупаница в лице, велејќи му „Ајде сега повтори ги зборовите што ми ги кажа“.


Според шпанските медиуми, Баена во јануари, за време на натпреварот во Купот на Кралот, ја исмевал бремената сопруга на Валверде, која во тој период се плашеше од можна загубата на бебето.

„Плачи сега затоа што вашето бебе нема да се роди“, биле зборовите што Бaена му ги упатил на Валверде после еден груб старт.

Тогаш Валверде премолчел, а Баена и синоќа му кажал нешто слично, па фудбалерот на Реал Мадрид решил физички да се пресмета со него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови