Работнички и Силекс одиграа трет пријателски натпревар во текот на овие летни подготовки пред настапите во Европа и третпат ремизираа. На денешниот тест на комплексот на ФФМ, немаше голови. За двете екипи ова беше и последна проверка пред настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
На овој пријателски натпревар првпат беше имплементиран и ВАР – системот и според сите сигнали, сосема успешно, иако судијата Бафто и немаше преголеми проблеми да го води натпреварот.
Работнички и Силекс покажаа дека полека ја достигнуваат потребната натпреварувачка форма за настап во квалификациите за Конференциската лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













