Архитектот на успесите на македонскиот репрезентативен фудбал, Игор Ангеловски, е најсериозен кандидат за нов тренер на бугарскиот клуб Лудогорец. Раководството на бугарскиот гигант сериозно ја разгледува можноста да го ангажира поранешниот македонски селектор за нов шеф на стручниот штаб.
Лудогорец остана без тренер по разделбата со Валдас Дамбраускас, кој пак се пресели во Хајдук Сплит. Амгеловски и таму беше меѓу најсериозните кандидати за нов тренер, но, сепак, победи летонската врска меѓу спортскиот директор и тренерот.
Претходно, Игор Ангеловски во летните месеци беше споменуван и како сериозен кандидат за тренер на Фенербахче, но довербата на раководството на турскиот гигант ја доби Витор Переира.
Дали Лудогорец ќе биде трета – среќа, за Мрме?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













