Тренерот на Шалке, Димитриос Грамоцис, јавно му се извини на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за непопуларниот потег на вчерашниот меч против Регенсбург. Шалке славеше со 2-1 а Чурлинов беше повлечен од игра само 18 минути откако влезе на теренот.
Чурлинов влезе во игра во 62. минута при негатива на Шалке од 1-0, имаше значаен придонес и за тие 18 минути на теренот, а потоа беше повлечен од игра и на негово место влезе дефанзивецот Флоријан Флик.
„Сакам да му се извинам на Дарко. Знам колку делува лошо кога брзо ќе бидете заменети откако ќе влезете во игра. Сепак, тој потег беше со една цел – тимот да оствари успех“, изјави Грамоцис.
Шалке оствари важна победа и сега се наоѓа на четвртото место со 37 но само два бода зад лидерот Дармштад. Тимот од Гелзенкирхен се надева дека експресно ќе се врати во Бундес – лигата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












