
Тренерот на Монако, Ади Хутер, е свесен дека победата на неговиот тим против Барселона пред почетокот на сезоната нема да има големо значење кога двата тима ќе се соочат вечерва на стартот на Лигата на шампионите.
Во натпреварот за трофејот „Жоан Гампер” во август, Монако победи со 3-0.
„Не можеме да го земеме тој натпревар како појдовна точка. Оттогаш тие победија пет последовни натпревари и постигнаа 17 голови. Знаеме дека тогаш некои од нивните клучни играчи беа повредени, но сега се во одлична форма. Ја почитувам работата на Ханси Флик, но имаме верба во себе и исто така ја започнавме сезоната одлично“, изјави Хутер.
Тој исто така зборуваше за Роберт Левандовски, кој постигнал 12 гола во 11 натпревари против неговите тимови во Бундеслигата.
„Го познавам Левандовски многу добро. Тој постигна 12 гола во 11 натпревари против нас. Со оглед на неговата возраст, неверојатно е да се види колку добро се одржува. Не е лесно да се браниш против Барселона. Мора да го правиш тоа како тим, бидејќи не треба да се справуваш само со Ламин Јамал, туку и со Рафиња, Левандовски и Феран Торес“, истакна тренерот на Монако.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
