Connect with us

Тренерот на Мец кажа јавно: Во фудбалот се е наместено

Лион и Мец ремизираа 1-1 во 19.коло од францускиот шампионат. Домаќинот оваа сезона е на лошата 13. позиција со 24 бода, додека Мец е во зоната за испаѓање, на 18. место кое води во бараж на крајот од сезоната.
По натпреварот, незадоволен од судењето и некои спорни ситуации, се огласи тренерот на Мец, Фредерик Антонети, кој без влакна на јазикот излезе во јавност со скандалозна изјава.


„Ова е срам и ужас. Фудбалот е наместен спорт. Го загуби својот шарм и овој благороден спорт е уништен заради поединци. Срам да ви е“, рече Антонети.

Изјавата на тренерот на Мец набрзо одекна во европските медиуми. Во последно време има многу дискутабилни ситуации дури и со употребата на ВАР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови