Connect with us

Тренерот на Калјари: Се напивме пиво и му се спротивставивме на Милан

Калјари успеа да обезбеди опстанок во Серија А, а потоа и докажа дека заслужува да биде дел од елитата откако го сопре Милан на „Сан Сиро“ играјќи 0-0. На „росонерите“ овој меч им беше од исклучително значење за обезбедување пласман во Лигата на шампионите, а Калјари влезе растоварен откако математички обезбеди опстанок по ремито на Беневенто.


Тренерот Леонардо Семпличи вели дека тој и фусбалерите се напиле по неколку шишиња пиво пред дуелот со Милан за да го прослават опстанокот.

„Имавме мала прослава кога дојде веста дека бевме математички безбедни“, призна Семпличи за „Скај Спорт Италија“. „Имавме неколку шишиња… Морам да им оддадам признание на овие момци за сè што направија. Докажавме и дека можеме многу против одличен тим како Милан. И не се браневме со сите сили, Џaнлуиџи Донарума имаше две фантастични одбрани“, изјави Семпличи.

Кога Семпличи го презеде кормилото од Еузебио ди Франческо во февруари, Калјари се наоѓаше на 18. место со само 15 поени, дури десет помалку од Беневенто и пет помалку од Торино.

„Нешто кликна во нивните карактери кога јасно им го покажав она што некои играчи се преправаа дека не го гледаат. Во соблекувалната имаше лоша атмосфера. Кога пристигнав, имавме 15 поени, гледајќи ја табелата се чинеше речиси невозможно да се спасиме. Сфатив дека има проблеми и со претседателот и со директорот ги решивме тие проблеми. Ни требаше нешто поразлично, пред сè ментално, така што сите ќе чувствуваме радост и ќе трчаме многу за да им отежниме на противниците. Тоа не трансформираше во тим“, изјави тренерот на Калјари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови