Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ со солзи радосници го дочека крајот на натпреварот против Бодо/Глимт и триумфот од 2-0, со кој српскиот првак се пласира во групната фаза во Лигата на шампионите.
„Можам да кажам дека ми преовладаа емоциите затоа што неизмерно го сакам овој клуб. Нашата голема цел беше да се пласираме во групите од Лигата на шампионите, напорно работевме за тоа, и на крајот успеавме да го оствариме“, изјави Милојевиќ по големиот триумф.
Навијачи Црвене звезде не смеју поменути име овог човека, а да не устану! Геније! #fkcz pic.twitter.com/vSM00bE5UK
— Александар Ковачевић (@AleksandarSDCZ) August 28, 2024
Водство за српскиот шампион од 1-0 донесе Бруно Дуарте од пенал во 26. минута, а на 2-0 зголеми Урош Спајиќ во 59. минута со удар со глава по одличниот центаршут на Елшник.
Последните две места во Лигата на шампионите ги пополнија Лил кој загуби од Славија Прага со 2-1, но ја задржа предноста од 2-0 од првиот меч во Франција, како и Слован Братислава која по ремито 1-1, вечерва со 3-2 го совлада Митјиланд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













