
Тренерите на шпанските прволигаши решија да се организираат во борбата за своите права. По одржувањето на состанокот на кој присуствуваа околу 40 тренери, нивните претставници утре ќе се сретнат со раководството на Ла Лига, на која една од темите ќе биде и финансиската заштита на тренерите кои добиваат отказ во одредени клубови.
Тие инсистираат во правилникот на натпреварувањето да има принцип според кој клубовите не можат да ангажираат нов тренер пред да се постигне договор со поранешниот за финансиската исплата на неговиот претходник кој доби отказ. На споменатата средба присуствуваа и многу познати имиња.
„Марка“ пренесува дека меѓу присутните биле Карло Анчелоти, Диего Симеоне и Чави Хернандез.
Тренерите едногласно одлучија дека нема да има отстапување во преговорите со челниците на Ла Лига околу правилата за финансиска заштита на отпуштените колеги. Според информации на „Марка“, во случај да не им се исполни барањето, можен е и штрајк.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов проблем за Арсенал, се повреди Каи Хаверц

Интернационалци
Јован Манев потпиша за Ријека

Евро-фудбал
Анчелоти: Сезоната за Реал допрва почнува
