Connect with us

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: АЛЕКСАНДАР ВАСОСКИ (ВАРДАР)

Вардар успеа да го добие градското дерби со Работнички, а Александар Васоски, кој поради казна не беше на клупата, го надмудри својот колега Жикица Тасевски. Поради тоа е и најдобар тренер за изминатото 24.коло во Првата лига, во изборот на МАКФУДБАЛ.

„Остваривме многу важна победа, која не носи чекор поблиску кон излез во Европа. Ја одржуваме трката и со Шкендија и до последен момент ќе се бориме за шампионската титула. Постигнавме гол во раната фаза од мечот и тоа ни ја олесни работата, но во вториот дел бевме многу подобри и мислам дека заслужено победивме. Задоволен сум и од фактот дека не примивме гол, а овој триумф секако ја зголемува самодовербата кај фудбалерите. Одиме понатаму, веќе за два дена не очекува нов првенствен дуел“, вели за МАКФУДБАЛ, најдобриот тренер за 24.коло, Александар Васоски. 

Вардар во следното коло на домашен терен го пречекува Силекс.         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови