
Напаѓачот на Интер, Мехди Тареми, ќе остане во Иран и ќе го пропушти настапот на тимот на Светското клупско првенство. Според „Газета дело Спорт“, иранскиот голгетер нема можност да патува за САД, поради што веќе нема ни да се обидува.
Тареми имаше несреќа да се наоѓа во својата татковина токму кога започна новата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран, изразена преку бомбардирања. Тој токму се подготвувал да патува за Америка, но аеродромите биле затворени. Дополнително, патувањето по копнен пат се смета за премногу ризично, па затоа Тареми останува на безбедно место – најверојатно во засолниште од бомби.
Така пропадна шансата тој да биде дел од тимот на Кристијан Киву, кој се вклучува во турнирот ноќта меѓу вторник и среда, кога Интер ќе се соочи со Монтереј од Мексико.
„Скај Италија“ дури прогнозира дека постои можност Тареми воопшто повеќе да не заигра за Интер и да го промени клубот веќе летово.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
