Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се збогува со фановите на Абердин и се подготвува за реализација на трансферот во Џирона. Со шпанската сензација од минатата сезона, Миовски ќе настапува во Лигата на шампионите. Тој доаѓа како замена за Артем Довбик, најдобриот стрелец во Ла Лига од минатата сезона, кој направи трансфер во Рома.
Шкотските медиуми ја открија и вредноста на трансферот. Џирона на Абердин ќе му плати 7 милиони фунти за Бојан Миовски. Ќе биде тоа одлична заработка за шкотскиот клуб, со оглед дека во 2022 година го купи од МТК за 600.000 фунти.
Тој за Абердин одигра 60 натпревари и постигна 27 гола.
Новата сезона во Ла Лига почнува во четврток, а Џирона во првото коло му гостува на Бетис. Неизвесно е дали трансферот на Миовски ќе биде комплетиран до стартот на шпанското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













