
Дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиол, пред неколку дена беше најавен како ново засилување за Манчестер Сити. Медиумите објавија дека двата клуба склучиле договор и се очекуваше негова презентација. Се чекаше моментот Гвардиол да ги мине лекарските прегледи.
„Нема договор. Ниту блиску“, одговори спортскиот директор Макс Еберл на новинарско прашање за можниот трансфер на Гвардиол. Така тој ги потврди индициите на германскиот „Скај Спортс“ кој пишува дека Гвардиол засега останува во германската лига.
Истото денеска го изјави и тренерот на Гвардиол, Марко Росе.
„Верувајте, би знаел доколку е на лекарски прегледи. Колку што знам, Јошко Гвардиол е наш играч. И тој ќе остане еден од нашите играчи. Не знам ништо за ниту еден лекарски преглед. Како тренер на тимот, сигурно би ги знаел тие работи”, изјави Росе во интервју за „Скај Спортс“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
