Трансферот на Мемфис Депај во Јувентус речиси беше комплетиран, но Холанѓанецот во последен момент ги смени условите за платата и двете страни повторно седнаа на преговарачка маса.
Јувентус и понатаму е насочен кон „резервен“ напаѓач, а покрај Депај, опции се Милик и Арнаутовиќ.
Милик засега е најлесната опција, Полјакот би пристигнал од Марсеј на позајмица за сума од 2 милиони евра, но и со откупна клаузула во висина од 8 милиони евра. Депај од друга страна сака тригодишен договор, Јуве моментално нуди две. Опција е и Арнаутовиќ, кој неодамна беше посакуван од Манчестер Јунајтед.
Од друга страна, Јуве сака да се ослободи од играчи од средниот ред. Рабио и Артур се прецртани, но тешко наоѓаат други клубови. Закарија е цел на Борусија Дортмунд и Монако, но неговите агенти веќе јасно ставија до знаење дека Швајцарецот претпочита да остане во Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













